Оваа студија е обид да се мапираат пречките и предизвиците со кои се соочуваат жените и девојките во Северна Македонија во академскиот и професионалниот живот.
Наодите и заклучоците се засновани на податоци прибрани преку онлајн прашалник и во рамките на 14-те јавни дискусии организирани во различни делови од земјата.
Во првиот дел студијата се фокусира на предизвиците во образовниот процес, а во вториот дел, на пречките за вклучување на пазарот на трудот и напредокот на девојките и жените.
Првиот дел е воден од потребата да се анализираат искуствата и перцепциите во образовниот процес, со цел подобрување на условите за воспоставување родова еднаквост. Вториот дел, пак, укажува на пречките со кои се соочуваат жените и девојките при вклучување на пазарот на трудот, како што се пречки поврзани со институциите и пречки поврзани со патријархалните норми кои сè уште доминираат во општеството. Врз основа на наодите, студијата нуди и неколку препораки за различни општествени актери