(Видео) Гласови на помирување – Сара Миленковска и Гуѕим Нухиу

Какви се приказните за „другите“? Дали како млад човек некогаш си бил погрешно разбран/а или твоето мислење не било слушнато? Каков наратив и разговор недостасува во нашето општество? Каде си најмногу свој/а и на што си најмногу горд/а?

Во серија видеа ги отворивме овие значајни теми за младите кај нас и преку интересни разговори слушнавме различни мислења и искуства.

Во првото видео разговараат Гуѕим Нухиу, специјалист за комуникации и активист и Сара Миленковска, истражувачка и соосновачка на Мрежа Стела.

Видеото е создадено како дел од регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, којшто го финансира Европската унија (ЕУ) и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Содржината на емитуваниот материјал е исклучителна одговорност на Мрежа Стела Скопје.

Соговорници: Сара Миленковска и Гуѕим Нухиу
Продукција: ТБД
Видео и монтажа: Владислав Гавриловски
Прашања и сценарио: Марта Стевковска