После 12 одржани дискусии во различни градови, Стела ќе организира и неколку дискусии во руралните области низ Македонија. Првата е дискусијата на 31 јануари, со почеток од 16:30 во с. Раштани, Велешко.

Присутните заедно со Мирјана Трајкова и Мерита Исмаили Марку, ќе имаат можност да дискутираат на тема „Родова нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во општеството – Која е вашата улога и каква улога игра државата во подобрувањето на ситуацијата?“.

Дискусијата ја организира Стела во соработка со Организацијата на жени на Општина Велес и е отворена за сите, а целта е да се отпочне отворен и инклузивен општествен дијалог за ситуациите со кои се соочуваат жените и девојките во академскиот, професионалниот и секојдневниот живот во земјата.

Ве очекуваме!