Анализа на родовите (не)еднаквости низ призмата на младите во Република Северна Македонија има за цел да даде сеопфатно разбирање за перцепцијата за родова еднаквост помеѓу младите луѓе во нашата држава и да придонесе кон креирање на политики согласно потребите на младите во ова поле. Анализата може да ја симнете на следниов линк.
Анализата е подготвена во рамки на проектот „Eднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија”, кој се фокусира на родовиот јаз. Проектот го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и Мрежата Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје. Целта на проектот е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.
Види повеќе – и симни го документот
Post a comment