За нас
Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија. Стела ги поврзува жените и работи на креирање мрежи на солидарност, знаење и искуство. Низ различните проекти и активности, организацијата цели да придонесе кон дискусија на државно ниво за општествените и структурни пречки со кои мораме колективно да се соочиме за да ги поддржиме жените и девојките во нивното идно себеостварување. Нашиот тим цврсто верува во важноста на поддршката и заедништвото при развивањето на нашите потенцијали.
Што правиме
Економското и општествено омоќување на жените и девојчињата останува важен предизвик низ целиот свет. И Северна Македонија, исто така, се соочува со предизвици во постигнувањето на родова еднаквост. Пристапот до високо образование и квалитетни работни места е особено голем предизвик за девојките и жените во земјата, кој е уште понагласен помеѓу жените и девојките во руралните средини и/или оние кои припаѓаат на малцинските заедници. Стела организира различни активности со цел соочување со овие предизвици на различни нивоа. На пример, обезбедувајќи една-на-една насоки и совети преку Женската менторска мрежа, жените менторирани преку Стела се поддржани преку индивидуално менторство во остварувањето на понатамошни студии и/или работни места што најдобро одговараат на нивните интереси. Од друга страна, преку дискусиите во градските собранија, Стела носи разновидни говорнички во општините за да дискутираат за системските бариери за образовно и економско омоќување на жените и девојките. Овие дискусии ги приближуваат членовите на заедницата, како жени, така и мажи, во конструктивна дебата и придонесуваат кон градење трајни решенија.