Блог

Надминување на нееднаквоста помеѓу младите

Мрежа Стела започна како иницијатива со фокус на пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки. Низ нашите различни активности придонесуваме кон адресирање на државно ниво за општествените и структурни пречки со кои мораме колективно да се соочиме за да ги поддржиме жените и девојките во нивното идно себеостварување. 

Затоа ни е исклучително драго да споделиме дека еден од новите проекти на кој ќе работиме во следните 3 години се фокусира на надминување на Родовиот јаз преку овозможување еднакви можности за девојчиња и жени во Република Северна Македонија. 

Клучниот елемент е што Менторските процеси овој пат влегуваат во средните училишта, меѓу многу други интересни активности. За таа цел, Мрежа Стела во следниот период ќе ја унапредува Женската Менотрската мрежа и со тоа и Менторството за потребите на средношколките. 

Главна цел на проектот „Млади Хаб – Надминување на нееднаквоста помеѓу младите“ е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени на возраст од 15 до 29 години во Северна Македонија да станат поактивни во општеството, преку креирање на поеднаков пристап до можностите во јавниот живот на земјата, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Активностите од проектот ќе ги спроведуваме заедно со нашите партнер(к)и од Национален младински совет на Македонија преку Млади Хаб со финансиска поддршка од Британска Амбасада. Во активностите ќе бидат вклучени дигитални едукативни содржини насочени кон јазот во родовата нееднаквост, едуцирајќи ја јавноста за родовите пристрасни улоги, норми и ставови.

Post a comment