Блог

Неколку причини зошто ви е потребна менторка

1. Поголеми шанси за успех

Многубројни истражувања покажуваат дека доколку имате менторка шансите за успех за поголеми. Кога некој стои зад вас и ве води каде што треба да одите, несомнено е дека успехот нема да изостане и ќе дојде за многу покусо време отколку ако сами се борите со сите предизвици.

2. Искуство од прва рака

Искуството за сè во животот е многу важно. Токму затоа кога правите нешто за прв пат, кога започнувате нешто а не знаете што да очекувате битно е покрај себе да има искусен човек кој веќе поминал низ исто/слично искуство. Колку и да учите од други извори потребен ви е човек што може да советува од прва рака. Некои лични искуства се непроценливи и само кога имате менторка може да ги дознаете.

3. Поставување на јасна цел

Менторката е тука за да ве води. Понекогаш ќе биде навистина тешко да се донесе одлука и затоа помошта од неа ќе биде неопходна и добредојдена. Желбите можат да се променат, амбициите да се свртат во друга насока. Животот се менува, па така и целта што на почетокот сте ја замислиле може да не биде иста по некое време. Ќе се случат многу нови работи и ќе биде тешко да го најдете вистинското решение, а водството од менторката ќе биде патоказ во тие моменти.

4. Контакти

Контактите се од исклучително значење, особено за оние кои за прв пат и без никакво искуство се обидуваат да го постигнат она што го испланирале. Една успешна менторка има голем број на контакти кои ќе бидат од корист. Тие се повеќе од потребни во секој сегмент, а менторката ќе знае кога и како да ве поврзе со одредената личност.

Патем…

Клучна карактеристика за нашата менторска програма www.stella.mk е тоа што ние ве поврзуваме со менторката која е најсоодветна за вас, имате индивидуални консултативни сесии кои може да ги правите на начин на кој вас најмногу ви одговара, за краток или подолг временски период..

..А потребно е само да го пополните формуларот за да бидете менторирана http://bit.ly/stellamentee и/или да станете менторка http://bit.ly/stellamentor, а ние во најбрз можен рок ќе ги разгледаме вашите пријави и ќе ве поврземе со соодветната личност.

Post a comment