Блог

Повик за подготовка на прирачник

Здружението за еднакви можности Мрежа Стела Скопје објавува Повик за ангажирање на експерт/ка за:

  • подготовка на лесно разбрлив прирачник за девојки и жени со потребни информации за достапни можности за поддршка за самовработување или започнување сопствен бизнис 
  • мапирање на државни и недржавни сервиси и помош на девојките и жените за самовработување или започнување сопствен бизнис 

Идејата е да се креира прирачник кој ќе биде лесно достапен и корисен за поттикнување на женската работна сила. Прирачникот ќе претставува мапа по која жените и девојките ќе можат да се водат низ процесот на започнување свој бизнис или унапредување на веќе постоечкиот.

Прирачникот ќе биде достапен на Македонски и Албански јазик. Експертот/ката ќе го подготви на еден јазик, а на другиот јазик ќе биде преведен од страна на организацијата.

Кандидат(к)ите треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:  

Високо образование

Најмалку 5 години професионално искуство

Искуство во изработка и подготовка на прирачници, водичи, програми поврзани со унепредување на позицијата на жената во општеството и економскиот сектор 

Потребни документи:

Референтна листа на подготвени прирачници, водичи, програми (најмалку две) и кратка биографија

Надоместок

Предвидениот надоместок за експертот/ката е 500 долари бруто во денарска против вредност пресметана по курсот на донаторот.

Сите дополнителни  детали ќе бидат утврдени со избраниот/а кандидт/ка заедно со тимот на Стела. 

Краен рок за доставување на аплиакциите е 06.05.2022 на маил [email protected] 

Активностите се дел од проектот „Поддршка на вклучување на жените и девојките на пазарот на труд преку менторство“ кој е поддржан од Амбасадата на САД.

Post a comment