Здружението за еднакви можности Стела во рамки на своите активности за поддршка на девојките и жените отвора повик за менторство, можност за практикантство и добивање информации за пазарот на труд.
Повикот е наменет за Вас доколку:
- Сакате да бидете менторирани во областа која е од ваш интерес
- Сакате да ги зголемите своите знаења и вештини;
- Барате можност за пракса.
Придобивки од вклучувањето во менторскиот процес:
- Менторските процесии влијаат врз подобрување на себепрецепцијата;
- Зголемување на вештините, пренесување на искуства и поддршка на професионално, академско и лично ниво;
- Запознавање на жени и девојки со слични интереси, вмрежување;
- Креирање на релации со различни компании и организации;
- Станување дел од Менторската Мрежа на Стела.
Временска рамка
- Повикот ќе биде отворен до 10 декември;
- Процесот на селекција ќе трае две недели;
- Процесот на вмрежување со менторка една недела;
- Процесот на менторирање зависи од динамиката која Вие ќе ја договорите со менторката
Важно
Менторскиот процес е бесплатен и секогаш ќе биде.
За да се пријавите на повикот пополнете ја формата https://forms.gle/S7x4Bg8A6NQuvn7x6
Активностите се дел од проектот „Поддршка на вклучување на жените и девојките на пазарот на труд преку менторство“ кој е поддржан од Амбасадата на САД.

Post a comment