Блог

Стела со нова иницијатива за поддршка на економско зајакнување на девојки и жени

Стела Мрежа започнува спроведување на сет на активности поврзани со проектот „Поддршка на вклучување на жените и девојките на пазарот на труд преку менторство“, чија цел е да ја унапреди вклученоста на девојките и жените на пазарот на труд поддржувајќи ги со менторство, практикантство и информирање за пазарот на труд.

Идеајта е преку следните активности Стела да придонесе кон креирање на охрабрувачка околина за девојки и жени кои се економски неактивни. Главната цел е да се поврзат девојките и жените со компании или организации од различни сектори кои ќе им овозможат пракса и професионален развој. Преку мултимедијална кампања Стела ќе ја запознае јавноста со придобивките на менторство и можности за пракса и економско зајакнување. На крајот од активноста, ќе биде објавен и достапен за јавноста сеопфатен прирачник со насоки за професионално унапредување. 

За време на имплементирањето на проектот, Стела ќе соработува со различни министерства, општини, бизниси, граѓански организации и професионални мрежи во земјата, но и неформални мрежи на поддршка.

Проектот е со времетраење од 12 месеци и е финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

Post a comment