Во Северна Македонија

Невработени жени 25.1%
Жени со високо образование 55.9%
Жени кои не се активни на пазарот на трудот 55%
Жени на водечки политички позиции 28.8%

Стела е непрофитна организација чија мисија е да инспирира, омоќнува и поврзува девојки и жени преку Унапредување на пристапот до образование, можности за претприемништво и социјални промени.

Нашата мисија започна како иницијатива во 2017 година под покровителство на Импакт – Институт за истражување во Скопје. Во тоа време, нашиот постојан тим беше група од пет ентузијастки кои работеа во академија, влада и на теренската работа во бегалските кампови. Ние се обединивме за да се спротиставивме на фактот дека додека мнозинството жени успешно го завршуваат високото образование, тие не бараат активно работа и остануваат претежно економски неактивни. Почнавме разговори низ целата земја и создадовме безбеден простор кој им недостасуваше на жените за да споделат со што се соочуваат во секојдневнот и професионалниот живот. Ја воспоставивме и првата менторка мрежа предводена од жени за жени, во Северна Македонија, која првенствено се фокусираше на високото образование. Со малку ресурси, но со огромна страст за позитивни промени, сфативме дека нашата иницијатива прерасна во нешто поголемо и потребно е да се воспостави своја структура. Во август 2018 година, ја регистриравме Стела како непрофитна организација во Северна Македонија.

 .