Наташа Димова има магистрирано на политички студии отсек примента политика и во моментот работи како проектна соработничка  во Македонскиот центар за меѓународна соработка во Скопје. Наташа верува дека образованието и менторството играат клучна улога во личниот и професионалниот напредок. Според неа, жените кои се образовани се чувствуваат помалку изолирани и имаат поголема самодоверба, и на тој начин целосно придонесуваат не само во нивните семејства, туку и во опшеството како целина. Наташа од лично искуство ја знае важноста од имањето ментор/ка и е убедена дека кога знаеш дека некој ти верува, те поддржува, води и помага, полесно донесуваш одлуки и се справуваш со предизвиците. Наташа стана дел од Стела затоа што е организација која спојува многу успешни и храбри жени и придонесува кон подобрување на ситуацијата во земјата и регионот.