Блог

Повик за учество на обука на девојки и жени од Полошкиот регион за претприемништво

Стела објавува повик за учество на обука на девојки и жени од Полошкиот регион (Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Желино, Јегуновце, Маврово и Ростуша,  Теарце, Тетово) за претприемништво која ќе се одржи на 14 декември (сабота) 2019 г. Сите детали околу обучувач(к)ите, местото на одржување на обуката, како и покривање на патните трошоци ќе бидат договорени со избраните кандидатки.

Целта на обуката е да се зајакне знаењето и да се подобрат вештините на девојките и жените во областа на претприемништвото, особено за планирање и започнување бизнис, како и за постоечките можности за финансирање на бизнис идеи.

Обуката ќе биде модерирани од професионални обучувач(к)и кои ќе работат со учесничките на претворање на нивната идеја во бизнис план. Учесничките ќе добијат сертификат за учество и можност за менторство една-на-една. Со дел од учесничките тимот на Стела ќе продолжи индивидуално да работи на развивање на бизнис идејата.

Заинтересираните треба да се регистрираат на https://forms.gle/v1vffX6DUty5398i9  или да изразат интерес за учество на [email protected].

Работилницата ја организира Здружението за еднакви можности Стела Скопје во рамки на проектот „Заедно се издигнуваме: Со претприeмачки кон јакнење на руралните заедници“ со финансиска поддршка од Амбасадата на САД. 

Post a comment