Стела Њујорк

Стела Њујорк обезбедува платформа за поврзување со цел размена на најиновативни идеи од водечките креаторки на промени за тоа како да се зголеми пристапот на жените до високото образование и работните места. Платформата Стела во Њујорк ќе послужи како отскочна штица за да се унапреди и прошири образовниот проект за менторство во други земји. Притоа, платформата Стела ја става во функција основната мисија на Фулбрајт за поттикнување на меѓусебно разбирање меѓу луѓето во САД и другите земји. Истовремено негува врски меѓу креаторките на промени со седиште во САД и Европа, поконкретно на Западниот Балкан. Посакуваниот исход за Стела е глобално проширување на мрежата за поддршка на образованието, организирајќи серија панел-дискусии и работилници во Њујорк, како и давање упатства што ќе се користат во креирањето политики за родова еднаквост во Македонија.

Огранок на Асоцијацијата Фулбрајт за поширокиот њујоршки регион

Огранок на Асоцијацијата Фулбрајт за поширокиот њујоршки регион ги анимира, поддржува и инспирира добитничките/ците на стипендијата Фулбрајт во Њујорк, пренесувајќи ја мисијата на Фулбрајт за меѓународно разбирање преку меѓународна размена и свесност. Програмата Fulbright NY Alumnus-in-Residence (FAIR) поттикнува проекти кои ја продолжуваат мисијата Фулбрајт за меѓународно разбирање, истовремено овозможувајќи им на постдипломките/ците да го забрзаат растот и успехот на проектите за социјално претприемништво преку едногодишна поддршка и програмирање на тематски настани. Добитничката на FAIR за 2018 година е д-р Виџиленца Абази која е еден од ко-основачките на Стела. Фулбрајт Њујорк ја поддржува Стела и многу активности во ко-организација на Стела се одвиваат во Њујорк.