Повик за учество на обука на девојки и жени од Полошкиот регион за претприемништво

Стела објавува повик за учество на обука на девојки и жени од Полошкиот регион (Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Желино, Јегуновце, Маврово и Ростуша,  Теарце, Тетово) за претприемништво која ќе се одржи на 14 декември (сабота) 2019 г. Сите детали околу обучувач(к)ите, местото на одржување на обуката, како и покривање на патните трошоци ќе бидат договорени со избраните кандидатки.

Целта на обуката е да се зајакне знаењето и да се подобрат вештините на девојките и жените во областа на претприемништвото, особено за планирање и започнување бизнис, како и за постоечките можности за финансирање на бизнис идеи.

Обуката ќе биде модерирани од професионални обучувач(к)и кои ќе работат со учесничките на претворање на нивната идеја во бизнис план. Учесничките ќе добијат сертификат за учество и можност за менторство една-на-една. Со дел од учесничките тимот на Стела ќе продолжи индивидуално да работи на развивање на бизнис идејата.

Заинтересираните треба да се регистрираат на https://forms.gle/v1vffX6DUty5398i9  или да изразат интерес за учество на [email protected].

Работилницата ја организира Здружението за еднакви можности Стела Скопје во рамки на проектот „Заедно се издигнуваме: Со претприeмачки кон јакнење на руралните заедници“ со финансиска поддршка од Амбасадата на САД. 

Read more

Стела со нов проект за претприемништво за жени и девојки во руралните заедници

Стела започна со имплементирање на проектот „Заедно се издигнуваме: Со претприeмачки кон јакнење на руралните заедници“, кој има за цел да понуди обуки и поддршка преку менторирање за жени и девојки од руралните средини кои имаат идеи за отпочнување сопствен бизнис.

Проектот се фокусира на рурални и маргинализирани заедници и ќе опфати различни региони од земјата. Стела ќе овозможи индивидуално менторство преку постоечката Женска менторска мрежа, како и обуки и можности за вмрежување со цел зајакнување на претприемачките вештини и развивање на бизнис идеите на девојките и жените од овие заедници. 

Во имплементирањето на проектот, Стела ќе соработува со различни министерства, општини, граѓански организации и професионални мрежи во земјата.

Проектот е со времетраење од 13 месеци и е финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

Read more

Неколку причини зошто ви е потребна менторка

1. Поголеми шанси за успех

Многубројни истражувања покажуваат дека доколку имате менторка шансите за успех за поголеми. Кога некој стои зад вас и ве води каде што треба да одите, несомнено е дека успехот нема да изостане и ќе дојде за многу покусо време отколку ако сами се борите со сите предизвици.

2. Искуство од прва рака

Искуството за сè во животот е многу важно. Токму затоа кога правите нешто за прв пат, кога започнувате нешто а не знаете што да очекувате битно е покрај себе да има искусен човек кој веќе поминал низ исто/слично искуство. Колку и да учите од други извори потребен ви е човек што може да советува од прва рака. Некои лични искуства се непроценливи и само кога имате менторка може да ги дознаете.

3. Поставување на јасна цел

Менторката е тука за да ве води. Понекогаш ќе биде навистина тешко да се донесе одлука и затоа помошта од неа ќе биде неопходна и добредојдена. Желбите можат да се променат, амбициите да се свртат во друга насока. Животот се менува, па така и целта што на почетокот сте ја замислиле може да не биде иста по некое време. Ќе се случат многу нови работи и ќе биде тешко да го најдете вистинското решение, а водството од менторката ќе биде патоказ во тие моменти.

4. Контакти

Контактите се од исклучително значење, особено за оние кои за прв пат и без никакво искуство се обидуваат да го постигнат она што го испланирале. Една успешна менторка има голем број на контакти кои ќе бидат од корист. Тие се повеќе од потребни во секој сегмент, а менторката ќе знае кога и како да ве поврзе со одредената личност.

Патем…

Клучна карактеристика за нашата менторска програма www.stella.mk е тоа што ние ве поврзуваме со менторката која е најсоодветна за вас, имате индивидуални консултативни сесии кои може да ги правите на начин на кој вас најмногу ви одговара, за краток или подолг временски период..

..А потребно е само да го пополните формуларот за да бидете менторирана http://bit.ly/stellamentee и/или да станете менторка http://bit.ly/stellamentor, а ние во најбрз можен рок ќе ги разгледаме вашите пријави и ќе ве поврземе со соодветната личност.

Read more