Стела продолжува со активностите за економско јакнење на девојки и жени

Стела неодамна започна со имплементирање на проектот „Поддршка на економско јакнење на девојките и жените во руралните средини“ кој цели да ги поврзе жените и девојките кои работат/сакаат да работат во сродни области и да понуди информации за постоечките можности за економско вклучување и омоќување.

Стела цели кон економско омоќување на жените и девојките од руралните средини преку вмрежување со други жени и девојки и преку споделување на информации, можности и знаење.

Проектот ќе се спроведува регионално, поврзувајќи жени и девојки во претежно рурални општини во секој од трите плански региони со највисока стапка на невработеност: Југозападен, Североисточен и Полошки регион.

Во имплементирањето на проектот, Стела ќе соработува со различни министерства, општини, граѓански организации и професионални мрежи во земјата.

Проектот е поддржан од Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Read more

Повик за учество на обука на девојки и жени од Југозападниот регион за претприемништво

Стела објавува повик за учество на обука на девојки и жени од  Југозападниот регион ( Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа) за претприемништво која ќе се одржи во март 2020 г. Сите детали околу обучувач(к)ите, местото и времето на одржување на обуката, како и покривање на патните трошоци ќе бидат договорени со избраните кандидатки.

Целта на обуката е да се зајакне знаењето и да се подобрат вештините на девојките и жените во областа на претприемништвото, особено за планирање и започнување бизнис, како и за постоечките можности за финансирање на бизнис идеи.

Обуката ќе биде модерирани од професионални обучувач(к)и кои ќе работат со учесничките на претворање на нивната идеја во бизнис план. Учесничките ќе добијат сертификат за учество и можност за менторство една-на-една. Со дел од учесничките тимот на Стела ќе продолжи индивидуално да работи на развивање на бизнис идејата.

Заинтересираните треба да се регистрираат на следниов линк https://forms.gle/N5pWQFcisrBujRVZ7 или да изразат интерес за учество на [email protected].

Работилницата ја организира Здружението за еднакви можности Стела Скопје во рамки на проектот „Заедно се издигнуваме: Со претприeмачки кон јакнење на руралните заедници“ со финансиска поддршка од Амбасадата на САД.

Read more

Повик за учество на обука на девојки и жени од Пелагонискиот регион за претприемништво

Стела објавува повик за учество на обука на девојки и жени од Пелагониски регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) за претприемништво која ќе се одржи во втората половина на февруари 2020 г. Сите детали околу обучувач(к)ите, местото и време на одржување на обуката, како и покривање на патните трошоци ќе бидат договорени со избраните кандидатки.

Целта на обуката е да се зајакне знаењето и да се подобрат вештините на девојките и жените во областа на претприемништвото, особено за планирање и започнување бизнис, како и за постоечките можности за финансирање на бизнис идеи.

Обуката ќе биде модерирани од професионални обучувач(к)и кои ќе работат со учесничките на претворање на нивната идеја во бизнис план. Учесничките ќе добијат сертификат за учество и можност за менторство една-на-една. Со дел од учесничките тимот на Стела ќе продолжи индивидуално да работи на развивање на бизнис идејата.

Заинтересираните треба да се регистрираат на следниов линк https://docs.google.com/forms или да изразат интерес за учество на [email protected].