ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИТСКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ

Институционалниот молк активно го охрабрува сексуалното вознемирување преку Интернет

Жртвите се множат додека институциите тивко потрлаат

Ние, жените-активистки за човекови права од балканскиот регион, стоиме заеднички и солидарно со сите жени жртви на онлајн родово-заснованото насилство[1] и бараме од надлежните институции да постапуваат согласно нивните овластувања за темелно и неодложно да го истражат случајот со групите на платформата Телеграм (како Balkan room, Јавна Соба, Гевгелија Хаб, Српска соба, Смоква и други), да ги санкционираат сторителите и заштитат жртвите од понатамошна виктимизација.

Точно една година по појавата на ваква група на мрежата Телеграм во Македонија, која се користи за сексуално вознемирување на девојки преку објави на нивни фотографии без никаква согласност, во порнографски контекст, како и лични податоци за жртвите, сведочиме и на нови случаи на ваква злоупотреба не само во државата, туку во целиот регион. И покрај тоа што администраторите и креаторите на две од овие групи се уапсени, сметаме дека тоа е само прв чекор во пристапот до правда кој мора да им биде обезбеден на сите жртви на овој тип на кривични дела.

Институционалниот молк  праќа порака дека насилството врз жените се толерира, дека не е казниво,  насилниците се охрабруваат да продолжат со своето однесување, а жртвите остануваат заплашени, засрамени и неми. Случаите во Македонија, Србија и Хрватска покажаа дека против мал број од сторителите се иницираат кривични постапки и дека оние малку сторители кои се гонат, се гонат само за кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, со што е оневозможена заштитата на полнолетните жртви.

Искуствата на жените од државите од поранешна Југославија на кои со години им обезбедуваме бесплатна правна помош и други услуги, сведочат за бројни пропусти во водењето на постапките. Честопати, жените кои имаат претрпено сексуална злоупотреба онлајн, се соочуваат со несоодветен одговор од страна на институциите, како што е практиката на непостапување, неверување  и  релативизирање на искуства на жртвите, поради што жртвите не ѝ веруваат на полицијата и сметаат дека пријавувањето е залудно. Изрекување на прекршочни санкции и опомени за насилниците, наместо документирани и аргументирани кривични пријави, како и несоодветно спроведување на забраните за приближување и контактирање на жртвите резултира со континуирано, засилено насилството, често со сериозни последици по здравјето на жртвите, а во одреден број на случаи дури и смрт. Во однос на обвинителствата постојано забележуваме ненавремено покренување на обвинителни акти, неефикасно или без должно внимание раководење со предистражни и истражни постапки што резултирало со ненавремено или воопшто необезбедување на релевантни докази, како и непреземање на мерки кон сторителот за да се спречи продолжување на насилството кон жртвите. Сите овие институционални пропусти станаа уште повидливи со појавата на сексуално насилство и вознемирување на жени во дигиталната сфера, кое иако се случува масовно и брои илјадници жени жртви на Балканот, не добива соодветен институционален одговор, ниту пак соодветна јавна поддршка. Напротив, дискредитирање на искуствата, обвинување, засрамување и двојна виктимизација се доминантните наративи со кои жените се соочуваат.

Очигледно е дека молкот на институциите  дополнително го охрабрува фунцкионирањето и одржувањето на вакви групи во дигиталниот простор, а девојките и понатаму се соочуваат со опасност по личната безбедност и нарушено достоинство и здравје. За жал, најлесниот начин за да се понижи една девојка е да се прикаже во сексуално сценарио, што само говори за ненадминливата стигма која и ден денес ја обележува женската сексуалност како срамна и недолична, а жртвите кои се ставени во тој контекст не добиваат статус на жртва, туку на жена која „сама си го барала“. Па така, украдените фотографии, во комбинација со мизогини, сексистички и насилнички коментари и третирање на жените како предмети без интегритет, чувства, желби и трауми, зборуваат за сериозни, длабоко вкоренети мизогини вредности во нашиот регион, кои мора сеопфатно и коренито и да се решаваат. За проблемот да почне да се решава, прво мора да се именува. Ова не е проблем на злоупотреба на лични податоци, па затоа и не може да се решава преку таков ограничен пристап. Ова е проблем на родово засновано насилство, со цел понижување, уценувње, замолчување и опресија на девојки и жени и доколку не се третира како таков, насилниците ќе успеат во својата цел.

Денес сме свесни дека постои и регионално вмрежување на вознемирувачи и насилници, односно отворање и администрирање на балкански групи чија цел е омаловажување и сексуално вознемирување на жени. Затоа бараме од надлежните институции сериозно и со одговорност да им пристапат на овие социјални феномени кои влијаат на најмалку половина од населението. Бараме институционална прекугранична соработка и темелна истрага и гонење на сите вклучени прекршители од регионот.

Овој случај е шанса на институциите од целиот регион да покажат дека се залагаат за женските права и заштитуваат од родово засновано насилство, фактички, а не само декларативно! Оттука, бараме од Јавните обвинителства во регионот неодложно и темелно да ги расчистат случаите со групите на Телеграм кои претставуваат кривично дело. Бараме од Министерствата за внатрешни работи континуирано да преземаат превентивни активности и да го спречуваат опстојувањето на ваквите групи. Не смееме да дозволиме одржување на состојба во која жртвите се множат, а институциите молчат и потфрлуваат во извршувањето на својата функција.

Солидарно!

ПОТПИСИ

1. Центар за младински активизам ЦМА КРИК

2. Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

3. Здружение за одржлив развој СФЕРА Интернешнал Битола

4. Здружение на граѓани – Младите можат

5. Центар за едукација и развој – ЦЕД

6. Европско здружение на студенти по право – ЕЛСА Македонија

7. Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија

8. Здружение на правници ЛЕГАЛ Тинк

9. Регионална ромска образовна младинска асоцијација

10. Здружение СВТ Алумни Скопје

11. Центар за интеркултурен дијалог

12. Фондација за интернет и општество Метаморфозис

13. Здружение на граѓани – Ромаверзитас

14. Лидери за едукација, активизам и развој

15. Креактив

16. Секција на млади на Сојуз на синдикати на Македонија

17. Здружение Станица П.Е.Т. Прилеп

18. Македонско здружение на млади правници

19.  Опции за здрав живот – ХОПС / Healthy Options Project Skopje – HOPS

20. Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ)

21. СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ Скопје / Sexual and Gender Minorities Association SUBVERSIVE FRONT Skopje

22. Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum – YEF

23. Period. The Menstrual Movement Skopje

24. Здружение на правници Роми

25. Reporting Diversity Network 2.0

26. Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје / Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia

27. Коалиција Маргини / Coalition Margins

28. Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје / Tiiiit! Inc. – Skopje

29. Здружение за локален и рурален развој / Association for Local and Rural Development

30. ЛезФем / LezFem

31. Организација на жените на општина Свети Николе / Organization of Women of the Municipality of Sveti Nikole

32. Здружение за едукативен развој – Еквалис / Association for Educational Development – Ekvalis

33. Хуманитарно Здружение „Мајка“, Куманово / Humanitarian association “Mother”, Kumanovo

34. ТАКТ / TAKT – Together Advancing Common Trust

35. Рурална коалиција / Rural Coalition

36. Реактор – Истражување во акција / Reactor – Research in Action

37. Национален совет за родова рамноправност (СОЖМ)

38. Мрежа Стела / Stella Network

39. ХЕРА / Health Education and Research Association, HERA

40. Акција Здруженска / Akcija Zdruzenska

41. Здружение на граѓани за еднакви можности „СЕМПЕР, Битола / “Association of equal opportunities “SEMPER”, Bitola

42. Женски Форум Тетово / Women’s Forum Tetovo

43. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО / Women’s Civic Initiative – “ANTICO”

44. Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

45. Здружение за локален развој – Камењане / Association for Local Rural Development – Kamenjane

46. Здружение за промоција на статусот на жените во македонија „Женска акција“, Радивиш / Association for Promotion of the Status of Women in Macedonia “Women’s Action”, Radovish

47. Здружение на граѓани „СУМНАЛ / “Association of Citizens “SUMNAL”

48. Здружение на граѓани „Флоренс Најтингел“, Куманово/ Association of Citizens “Florence Nightingale”, Kumanovo

49. Здружение на социјални работници на Град Скопје / Association of Social Workers of the City of Skopje

50. Кризен центар „Надеж“ / Crisis Center “Hope”

51. Здружение на турчинки во Македонија, „ДЕРЈА“ / Organization of Turkish Women in Macedonia,“DERJA”

52. Организација на жени на Град Скопје, ОЖС / Organization of Women of the City of Skopje, OZS

53. Организација на жени „Кумановка“, Куманово / Organization of Women “Kumanovka” , Kumanovo

54. Организација на жени на Општина Велес / Organization of women from the municipality of Veles

55. Женска граѓанска иницијатива „КЛЕА“, Битола / Women’s Civic Initiative “KLEA” – Bitola

56. Младински центар за еднакви можности / Youth Center for Equal Opportunities

57. „Една може“ Скопје / “One Can” Skopje

58. Здружение за родова еднаквост „Визија“, Кавадарци / Association for Gender Equality „Vision“, Kavadarci

59. Комора на психолози на Република Северна Македонија / Chamber of Psychologists in Republic of North Macedonia

60. Здружение на жени ромки и млади „Лулуди“ / Roma Women and Youth Association “Luludi”

61. Скај Плус Струмица / Sky Plus Strumica

62. Медуза – феминистичка платформа / Meduza – Feminist platform

63. Women’s Rights Center (Centar za ženska prava)

64. Human Right Action (Akcija za ljudska prava)

65. ANIMA- Center for Peace Education (ANIMA – Centar za mirovno obrazovanje)

66. SOS Hotline Berane (SOS Telefon Berane)

67. SOS Hotline Podgorica (SOS Hotline Podgorica)

68. Women’s Safe House (Sigurna ženska kuća)

69. Association of Youth with Disabilities (Udruženje mladih s hendikepom)

70.NGO Juventas (NVO Juventas)

71. Udruženje “Žene juga” Pirot

72. NVO ASTRA

73. BeFem feministički kulturni centar

74. NVO ATINA

75. Ženska pomoć sada – SOS telefon za žene i djecu žrtve nasilja

76. Kolektiv mladih žena FEMIX

77. Udruženje građana “ Žene za mir”

78. Alternativni centar za devojke

79. Žene u crnom

80. ROZA Udruženje za radna prava žena

81. Rekonstrukcija Ženski fond

82. Ženergija Hub

83. Impuls Tutin

84. Centar za ženske studije, Beograd

85. Incest Trauma Centar – Beograd

86. Kulturni centar DamaD

87. Centar za podršku ženama, kikinda

88. UŽ TEUTA-TIM, TRSTENIK

89. Udruženje građanki FemPlatz

90. Ženski centar Šabac

91. Fondacija CURE- Sarajevo

92. Ženska soba – centar za seksualna prava

93. Romski centar za žene i decu DAJE

94. Centar za žene žrtve rata – ROSA

95. CENTAR ZA PODRŠKU I RAZVOJ CIVILNOG DRUŠTVA “DELFIN”

96. B.a.B.e. Budi aktivna. Budi emancipiran.

97. Ženska udruga IZVOR

98. Udruženje Romkinja Osvit – Niš

99. Udruga žena Romkinja u Hrvatskoj “”Bolja budućnost”

100. Udruga žena Vukovar

101. Ženska grupa Karlovac “Korak”

102. Centar za devojke

103. Sigurna zenska kuca

104. Centar za razvoj zajednice LINK

105. Udruga za ljudska prava i građansku participaciju PaRiter

106. Udruženje žena Peščanik

107. Autonomni ženski centar, Beograd

108. UG “ Romani cikna” Kruševac

109. IZ KRUGA – VOJVODINA, Novi Sad

110. SOS za žene i decu žrtve nasilja Vlasotince

111. Labris – organizacija za lezbejska ljudska prava

112. PAOR- Panonska Antifašistička organizacija

113. Centar za podršku i razvoj civilnog društva “DELFIN”

114. ANIMA Centar za žensko i mirovno obrazovanje

115. Ženski centar Užice

116. Inicijativa Verujem ti

117. Bibija Romski zenski centar

118. Inicijativa Nećemo Prećutati

119. Centar za ženske studije Zagreb

120. Forum žena Prijepolja

121. SOS Rijeka – centar za nenaslje i ljudska prava

122. Udruga žena Nit

123. Sigurna ženska kuća

124. Udruga ”HERA” Križevci za zaštitu i promicanje ljudskih prava

125. Ženska mreža BiH

126. UŽ “SEKA” Goražde

127. Fondacija “Lara”

128. IN fondacija

129. Inicijativa Građanke za ustavne promjene

130. Centar ženskih prava

131. Inicijativa građanki/na Mostar

132. Helsinški parlament građana Banjaluka

133. Fondacija Udružene Žene Banja luka

134. Udruženje žena “Priroda” Bratunac

135. NVO “SPES”

136. Udruzenje zena Romkinja”Bolja buducnost” Tuzla

137. Ženska romskamreža”Uspjeh” Bosna i Hercegovina

138. Latcho Dive- Association for Roma Women Development – Skopje


[1] Со цел подобро да го објасниме родово-заснованото насилство (РЗН) врз жените, извршено преку употреба на ИКТ (во натамошниот текст: информатички и комуникациски технологии), можеме објасниме поврзувајќи го со искуства на насилство во реалното опкружување, додека самото тоа може да се случува единствено во дигиталното опкружување / простор. РЗН преку ИКТ може да вклучува незаконски закани, малтретирање, навреди, следење или поттикнување на насилство, несакани, навредливи или сексуално експлицитни меилови или пораки, сексуална уцена, принуда на лице да гледа сексуално ескплицитни материјали, споделување или објавување на приватни фотографии или снимки со сексуална содржина без согласност (т.н. одмаздољубива порнографија) или објавување на наведената содржина на разни страници/сајтови.

Read more

Прашалник за пречките и можностите на жените и девојките за професионален напредок

Почитувани,

Организацијата за еднакви можности Мрежа Стела Скопје во рамки на проектот „Заедно се издигнуваме: Со претприeмачки кон јакнење на руралните заедници“ поддржан од Амбасадата на САД, спроведува истражување за пречките и можностите на жените и девојките за професионален напредок.
Со цел собирање на соодветни податоци преку кои би изработиле истражување и би подготвиле препораки, тимот на Стела изработи прашалник кој е отворен за сите. Податоците се единствено потребни за изработка на истражување и Вашите одговори ќе останат анонимни.

Пополнувањето на прашалникот не би требало да ви одземе повеќе од 10 минути.

Тимот на Стела Ви благодари за издвоеното време.

Read more

Стела продолжува со активностите за економско јакнење на девојки и жени

Стела неодамна започна со имплементирање на проектот „Поддршка на економско јакнење на девојките и жените во руралните средини“ кој цели да ги поврзе жените и девојките кои работат/сакаат да работат во сродни области и да понуди информации за постоечките можности за економско вклучување и омоќување.

Стела цели кон економско омоќување на жените и девојките од руралните средини преку вмрежување со други жени и девојки и преку споделување на информации, можности и знаење.

Проектот ќе се спроведува регионално, поврзувајќи жени и девојки во претежно рурални општини во секој од трите плански региони со највисока стапка на невработеност: Југозападен, Североисточен и Полошки регион.

Во имплементирањето на проектот, Стела ќе соработува со различни министерства, општини, граѓански организации и професионални мрежи во земјата.

Проектот е поддржан од Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Read more

Повик за учество на обука на девојки и жени од Југозападниот регион за претприемништво

Стела објавува повик за учество на обука на девојки и жени од  Југозападниот регион ( Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа) за претприемништво која ќе се одржи во март 2020 г. Сите детали околу обучувач(к)ите, местото и времето на одржување на обуката, како и покривање на патните трошоци ќе бидат договорени со избраните кандидатки.

Целта на обуката е да се зајакне знаењето и да се подобрат вештините на девојките и жените во областа на претприемништвото, особено за планирање и започнување бизнис, како и за постоечките можности за финансирање на бизнис идеи.

Обуката ќе биде модерирани од професионални обучувач(к)и кои ќе работат со учесничките на претворање на нивната идеја во бизнис план. Учесничките ќе добијат сертификат за учество и можност за менторство една-на-една. Со дел од учесничките тимот на Стела ќе продолжи индивидуално да работи на развивање на бизнис идејата.

Заинтересираните треба да се регистрираат на следниов линк https://forms.gle/N5pWQFcisrBujRVZ7 или да изразат интерес за учество на [email protected].

Работилницата ја организира Здружението за еднакви можности Стела Скопје во рамки на проектот „Заедно се издигнуваме: Со претприeмачки кон јакнење на руралните заедници“ со финансиска поддршка од Амбасадата на САД.

Read more

Повик за учество на обука на девојки и жени од Пелагонискиот регион за претприемништво

Стела објавува повик за учество на обука на девојки и жени од Пелагониски регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) за претприемништво која ќе се одржи во втората половина на февруари 2020 г. Сите детали околу обучувач(к)ите, местото и време на одржување на обуката, како и покривање на патните трошоци ќе бидат договорени со избраните кандидатки.

Целта на обуката е да се зајакне знаењето и да се подобрат вештините на девојките и жените во областа на претприемништвото, особено за планирање и започнување бизнис, како и за постоечките можности за финансирање на бизнис идеи.

Обуката ќе биде модерирани од професионални обучувач(к)и кои ќе работат со учесничките на претворање на нивната идеја во бизнис план. Учесничките ќе добијат сертификат за учество и можност за менторство една-на-една. Со дел од учесничките тимот на Стела ќе продолжи индивидуално да работи на развивање на бизнис идејата.

Заинтересираните треба да се регистрираат на следниов линк https://docs.google.com/forms или да изразат интерес за учество на [email protected].

Работилницата ја организира Здружението за еднакви можности Стела Скопје во рамки на проектот „Заедно се издигнуваме: Со претприeмачки кон јакнење на руралните заедници“ со финансиска поддршка од Амбасадата на САД.

Read more

Повик за апликации

Позиција: Проектен/на координатор/ка, Мрежа Стела 

Период на вработување: скратено работно време, 1 февруари 2020 – 30 jyни 2020 (пет месеци), со можност за продолжување на договорот

За Мрежата Стела

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во земјата и светот. Стела ги поврзува жените и работи на креирање мрежи на солидарност, знаење и искуство. Низ различните проекти и активности, организацијата цели да придонесе кон дискусија на државно ниво за општествените и структурни пречки со кои мораме колективно да се соочиме за да ги поддржиме жените и девојките во нивното идно себеостварување. Нашиот тим цврсто верува во важноста на поддршката и заедништвото при развивањето на нашите потенцијали.

За проектите

Проектот „Заедно се издигнуваме: Со претприeмачки кон јакнење на руралните заедници“ има за цел да понуди обуки и поддршка преку менторирање за жени и девојки од руралните средини кои имаат идеи за отпочнување сопствен бизнис. Проектот се фокусира на рурални и маргинализирани заедници и ќе опфати различни региони од земјата. Стела ќе овозможи индивидуално менторство преку постоечката Женска менторска мрежа, како и обуки и можности за вмрежување со цел зајакнување на претприемачките вештини и развивање на бизнис идеите на девојките и жените од овие заедници.

 Проектот „Поддршка на економско јакнење на девојките и жените во руралните средини“ цели да ги поврзе жените и девојките кои работат/сакаат да работат во сродни области и да понуди информации за постоечките можности за економско вклучување и омоќување. Стела цели кон економско омоќување на жените и девојките од руралните средини преку вмрежување со други жени и девојки и преку споделување на информации, можности и знаење. Проектот ќе се спроведува регионално, поврзувајќи жени и девојки во претежно рурални општини во секој од трите плански региони со највисока стапка на невработеност: Југозападен, Североисточен и Полошки регион. 

Во имплементирањето на проектите, Стела ќе соработува со различни министерства, општини, граѓански организации и професионални мрежи во земјата. 

Одговорности

Под надзор и во координација со тимот на Стела, проектниот/ната координаторот/ка ќе ги има следните одговорности:

Раководење со севкупниот проектен циклус, вклучувајќи спроведување проектни активности, финансиско и административно координирање на проектите, финансиско и наративно известување, следење и оценка;

Извршување општи административни задачи, вклучително но не исклучиво логистичка поддршка, водење документација на проектите, координирање на исплати, координирање на превод и печатење материјали, документирање и ажурирање на податоци поврзани со проектите, подготовка и уредување на документи и договори.

Комуникација со јавност и трети страни, вклучувајќи претставување на организацијата на настани, конференции, тренинзи, како и настани организирани од донатори и партнерски организации, редовно ажурирање на социјалните медиуми со содржини за проектни активности, обезбедување видливост на донатори и партнери на документи, настани и медиумски настапи.

Квалификации

Задолжително:

Работно искуство: кандидатката/от треба да има најмалку една година претходно работно искуство во координирање и/или управување на проекти.

Образование: кандидатката/от мора да поседува универзитетско образование. Магистратура се смета за предност. 

Вештини со дигитални и традиционални медиуми: кандидатката/от треба да е удобна/ен со медиумски настапи и да има искуство со јавно претставување. Кандидатите треба да бидат способни да управуваат со профили на социјалните медиуми, вклучувајќи управување и ажурирање на Facebook страница и подготвување на содржини за веб страницата на проектот. 

Јазици: Професионална употреба (пишана и говорна) на македонски и англиски јазик. Познавање на албански јазик се смета за предност.

 Општи компетенции: Познавање и изложеност на теми поврзани со омоќување на жените и девојките, вклучувајќи пристапи кон решавање на чувствителни теми и нивните политички, етнички, расни, родови и социо-економски димензии; Запознаеност со тековниот политички и општествен контекст во Македонија; Запознаеност со административно управување и практики на буџетирање; 

Вештини за добро менаџирање на време – проектите се ориентиран на резултати, така што координаторот/ката се очекува да работи од дома и независно да ги приоритизира времето и трудот според проектниот план. Повремено потребна е достапност и можност за патување во различни места во рамки на државата. Достапност за известување на тимот и донаторите согласно договореното.

Процес на пријавување

Заинтересираните кандидат(к)и треба да испратат своја биографија (CV), мотивациско писмо (не повеќе од една страница) и контакт детали на две лица кои може да дадат препораки во случај кандидатката/тот да влезе во потесниот круг до 13 јануари 2020 година на [email protected]. Избраните кандидатки и кандидати ќе бидат поканети на интервју со тимот на Стела

Read more

Повик за учество на обука на девојки и жени од Полошкиот регион за претприемништво

Стела објавува повик за учество на обука на девојки и жени од Полошкиот регион (Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Желино, Јегуновце, Маврово и Ростуша,  Теарце, Тетово) за претприемништво која ќе се одржи на 14 декември (сабота) 2019 г. Сите детали околу обучувач(к)ите, местото на одржување на обуката, како и покривање на патните трошоци ќе бидат договорени со избраните кандидатки.

Целта на обуката е да се зајакне знаењето и да се подобрат вештините на девојките и жените во областа на претприемништвото, особено за планирање и започнување бизнис, како и за постоечките можности за финансирање на бизнис идеи.

Обуката ќе биде модерирани од професионални обучувач(к)и кои ќе работат со учесничките на претворање на нивната идеја во бизнис план. Учесничките ќе добијат сертификат за учество и можност за менторство една-на-една. Со дел од учесничките тимот на Стела ќе продолжи индивидуално да работи на развивање на бизнис идејата.

Заинтересираните треба да се регистрираат на https://forms.gle/v1vffX6DUty5398i9  или да изразат интерес за учество на [email protected].

Работилницата ја организира Здружението за еднакви можности Стела Скопје во рамки на проектот „Заедно се издигнуваме: Со претприeмачки кон јакнење на руралните заедници“ со финансиска поддршка од Амбасадата на САД. 

Read more

Стела со нов проект за претприемништво за жени и девојки во руралните заедници

Стела започна со имплементирање на проектот „Заедно се издигнуваме: Со претприeмачки кон јакнење на руралните заедници“, кој има за цел да понуди обуки и поддршка преку менторирање за жени и девојки од руралните средини кои имаат идеи за отпочнување сопствен бизнис.

Проектот се фокусира на рурални и маргинализирани заедници и ќе опфати различни региони од земјата. Стела ќе овозможи индивидуално менторство преку постоечката Женска менторска мрежа, како и обуки и можности за вмрежување со цел зајакнување на претприемачките вештини и развивање на бизнис идеите на девојките и жените од овие заедници. 

Во имплементирањето на проектот, Стела ќе соработува со различни министерства, општини, граѓански организации и професионални мрежи во земјата.

Проектот е со времетраење од 13 месеци и е финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

Read more

Неколку причини зошто ви е потребна менторка

1. Поголеми шанси за успех

Многубројни истражувања покажуваат дека доколку имате менторка шансите за успех за поголеми. Кога некој стои зад вас и ве води каде што треба да одите, несомнено е дека успехот нема да изостане и ќе дојде за многу покусо време отколку ако сами се борите со сите предизвици.

2. Искуство од прва рака

Искуството за сè во животот е многу важно. Токму затоа кога правите нешто за прв пат, кога започнувате нешто а не знаете што да очекувате битно е покрај себе да има искусен човек кој веќе поминал низ исто/слично искуство. Колку и да учите од други извори потребен ви е човек што може да советува од прва рака. Некои лични искуства се непроценливи и само кога имате менторка може да ги дознаете.

3. Поставување на јасна цел

Менторката е тука за да ве води. Понекогаш ќе биде навистина тешко да се донесе одлука и затоа помошта од неа ќе биде неопходна и добредојдена. Желбите можат да се променат, амбициите да се свртат во друга насока. Животот се менува, па така и целта што на почетокот сте ја замислиле може да не биде иста по некое време. Ќе се случат многу нови работи и ќе биде тешко да го најдете вистинското решение, а водството од менторката ќе биде патоказ во тие моменти.

4. Контакти

Контактите се од исклучително значење, особено за оние кои за прв пат и без никакво искуство се обидуваат да го постигнат она што го испланирале. Една успешна менторка има голем број на контакти кои ќе бидат од корист. Тие се повеќе од потребни во секој сегмент, а менторката ќе знае кога и како да ве поврзе со одредената личност.

Патем…

Клучна карактеристика за нашата менторска програма www.stella.mk е тоа што ние ве поврзуваме со менторката која е најсоодветна за вас, имате индивидуални консултативни сесии кои може да ги правите на начин на кој вас најмногу ви одговара, за краток или подолг временски период..

..А потребно е само да го пополните формуларот за да бидете менторирана http://bit.ly/stellamentee и/или да станете менторка http://bit.ly/stellamentor, а ние во најбрз можен рок ќе ги разгледаме вашите пријави и ќе ве поврземе со соодветната личност.

Read more