Здружението за еднакви можности-Мрежа Стела и Импакт-Институт за истражување Ве покануваат на јавна дискусија што ќе се одржи во Јавна Соба, Скопје на 26 март 2019 со почеток од 9:45 часот.

Целта на настанот е да ја запознаеме пошироката јавност со организацијата и активностите кои ги спроведовме во изминатата година и да ги споделиме наодите и препораките од нашиот нов документ за јавни политики „Кон родова еднаквост: Пречки и перспективи во академскиот и професионален напредок на жените и девојките“. Настанот е отворен за сите.

Настанот ќе го отворат претставнички/ци на Стела и Микаела Шварцер-Блум, Заменик амбасадорката на САД во Скопје. Свое излагање ќе имаат и преставнички/ци на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, проследено со дискусија за пречките и предизвиците со кои се соочуваат жените и девојките во нивниот академски и професионален напредок во земјата. Модераторка на дискусијата ќе биде Ана Јовковска. Работни јазици со обезбеден симултан превод се: македонски, албански и англиски.

Настанот e организиран во рамки на проектот „Стела – Поттикнување на аспирациите на жените и девојките“, финансиран од страна на Амбасадата на САД во Скопје