Стела објавува повик за учество на обука за претприемништво за девојки и жени од Jугозападниот регион (Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа) која ќе се одржи на 5 септември (сабота) со почеток од 10 часот. Обуката ќе биде одржана на платформата зоом а сите детали ќе бидат договорени со избраните кандидатки.
Целта на обуката е да се зајакне знаењето и да се подобрат вештините на девојките и жените во областа на претприемништвото, особено за планирање и започнување бизнис, како и за постоечките можности за финансирање на бизнис идеи.
Обуката ќе биде фацилитирана од Весна Иваноска, генерална менаџерка на СЕАВУС Едукативен и развоен центар и Радмила Живановиќ, кариерна советничка и психоеррапевтка во Психотерапика кои ќе работат со учесничките на претворање на нивната идеја во бизнис план. Учесничките ќе добијат сертификат за учество и можност за менторство една-на-една. Со дел од учесничките тимот на Стела ќе продолжи индивидуално да работи на развивање на бизнис идејата.
Заинтересираните треба да се регистрираат на https://forms.gle/mbew8BfDi3b3KAn7A или да изразат интерес за учество на [email protected].
На работилницата ќе биде обезбеден симултан превод од македонски на албански и обратно.
Работилницата ја организира Здружението за еднакви можности Стела Скопје во рамки на проектот „Заедно се издигнуваме: Со претприeмачки кон јакнење на руралните заедници“ со финансиска поддршка од Амбасадата на САД.