Стела објавува повик за учество на првата работилница од серијалот „Отклучи го твојот потенцијал“ посветена на дигитален маркетинг за жени и девојки која ќе се одржи на 12 септември (сабота) со почеток од 10 часот. Обуката ќе биде одржана на платформата зоом а сите детали ќе бидат договорени со избраните кандидатки.
Целта на обуката е да се зголеми знаењето и да се подобрат вештините на девојките и жените во областа на дигитален маркетинг со фокус на креирање и споделување на релевантни и интересни содржини за привлекување и задржување на публика- content marketing и copywriting.
Предавачки на обуката ќе бидат Симона Костовска (Vrootok & Galeksia, Skopje) и Арберие Шабани (Growzillas, Prishtina). Заинтересираните треба да се регистрираат на https://forms.gle/nWuoB9XooksEjPnt7 или да изразат интерес за учество на [email protected].
На работилницата ќе биде обезбеден симултан превод од македонски на албански и обратно.
Работилницата ја организира Здружението за еднакви можности Стела Скопје во рамки на проектот „Поддршка на економско јакнење на девојките и жените во руралните средини“ поддржан од Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.