Родова нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во општеството – Која е вашата улога и каква улога игра државата во подобрувањето на ситуацијата ќе биде темата на следната дебата која ќе се одржи во Дебар.

Дискусиите на Стела се отворени за сите, а целта е да отпочнат отворен и инклузивен општествен дијалог за ситуациите со кои се соочуваат жените и девојките во академскиот, професионалниот и секојдневниот живот во земјата.

Настанот ќе се одржи на 26 септември (среда), од 18ч во Центар на Културата на Дебар.

На настанот ќе биде обезбеден превод на македонски и албански јазик.