Караванот дискусии посветен на родовата нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во професионалниот и секојдневниот живот продолжува во Струга.

На дискусијата главните говорнички, Лидија Мојовска и Анита Латифи ,ќе говорат за важноста на солидарноста помеѓу жените, за поместување на бариерите во општеството и ќе ја споделат својата животна и професионална приказна.
Дискусијата ја организира Стела во соработка со Клуб Комбинати и ќе се одржи на 20 септември (четврток) со почеток од 18:00 ч. во Американското Катче.

На настанот ќе биде обезбеден превод на македонски и албански јазик.