Родова нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во општеството – Која е вашата улога и каква улога игра државата во подобрувањето на ситуацијата ќе биде темата на следната дебата која ќе се одржи во општина Центар.

Дискусиите на Стела се отворени за сите, а целта е да отпочнат отворен и инклузивен општествен дијалог за ситуациите со кои се соочуваат жените и девојките во академскиот, професионалниот и секојдневниот живот во земјата.

На дискусијата главните говорнички, Мерсиха Смаиловиќ, Љуљета Адеми и Драгана Каровска, ќе споделат животни и професионални искуства кои придонеле кон позитивни промени како во нивниот, така и во општествениот живот.

Настанот ќе се одржи на 1 ноември, со почеток од 18 часот во градска Библиотека Браќа Миладиновци.