Стела и Сумнал ве покануваат на дискусија посветена на родовата нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во професионалниот и секојдневниот живот во Чаир.

Дискусиите на Стела се отворени за сите, а целта е да отпочнат отворен и инклузивен општествен дијалог за ситуациите со кои се соочуваат жените и девојките во академскиот, професионалниот и секојдневниот живот во земјата.

На дискусијата главните говорнички, Ирена Цветковиќ, Рукие Агич и Љатифа Шиковска, ќе споделат животни и професионални искуства кои придонеле кон позитивни промени како во нивниот, така и во општествениот живот.

Настанот ќе се одржи на 24 октомври 2018, од 18 h во салата на Советот на Oпштина Чаир.