Како ги балансираме домашните и работните обврски?
Како родот игра улога во борбата за работничките права?
Која е вашата улога и каква улога игра државата во подобрувањето на ситуацијата?

Ова се некои од прашањата кои тимот на Стела сака да ги отвори во заедниците низ Македонија. По Богданци и Куманово, Стела продолжува со иницирање дебати поврзани со локалните родови реалности, овој пат во Штип, со подршка на нашиот локален партнер организацијата “ЕХО” Штип.

Преку споделување на сопствените перспективи, лични и професионални, на овој настан ќе ги слушнеме Кристина Ампева, која е дел од организацијата “Гласен текстилец” и Благица Киров, која работи во областа на правна помош за маргинализирани групи.

Настанот ќе се одржи во Американското катче во Штип.