Иницијативата Стела има чест да ги покани сите девојки и жени на презентација посветена на Женската менторска мрежа.

Стела претставува иницијатива на група ентузијастки кои сакаат да придонесат кон подобрување на пристапот до образованието и работа на девојките и жените во Република Македонија. Женската менторска мрежа претставува активност која се спроведува во рамки на проектот Стела – Поттикнување на потенцијалот на девојките и жените, кој се иплементира од страна на Институтот за истражување – Импакт и е финансиски поддржан од страна на Амбасадата на САД во Македонја.

На овој настан сакаме да ја претставиме идејата за мрежата и можностите за девојките и жените кои сакаат да станат дел во оваа мрежа како менторки или како менторирани. На настанот ќе бидат претставени и другите активности кои ќе се спроведуваат во рамките на проектот, проследено со панел дискусија за значењето на менторството и зголемување на влијанието на девојките и жените во општеството.

Се надеваме дека ќе се видиме наскоро,