Мрежата Стела со задоволство ја најавува третата информативна средба посветена на технологија и онлајн бизниси. Ќе зборуваме за работата, личниот и професионалниот развој, улогата на формалното и неформалното образование, мотивацијата и менторството при градењето на кариера во овие облсти, а претставник од Министерството за труд и социјална политика ќе ги промовира активните мерки и можности за самовработување и отпочнување бизнис.
Присутните ќе имаат можност да ги споделат нивните интереси, да дискутираат за пречките и предизвиците со кои се соочуваат девојките и жените во градењето кариера и како локалните заедници може да се вклучат во нивно надминување. Во текот на овие средби, Мрежата Стела ги забележува искуствата и сознанијата за економските потреби и предизвици на жените и девојките во руралните средини, кои потоа ќе бидат споделни со засегантите страни.
Дискусија за жени, но не само со жени. Сите заинтересирани се добредојдени!
*Разговорот со соговорничките и публиката ќе се одвива на македонски и албански јазик, а одбирањето на јазик на платформата Zoom ќе биде објаснето пред почетокот на настанот.
*Бидејќи настанот е онлајн, доколку вие или некоја друга личност сакате да учествувате, но немате услови, пишете ни порака на Facebook профилот на Stella, и ние ќе се обидеме да ви помогнеме.
*Настанот е во рамки на проектот „Поддршка на економско јакнење на девојките и жените во руралните средини“ кој е поддржан од Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.