Ве покануваме да станете дел од Женската Менторска Мрежа

Приклучете се како менторки и споделете го вашето знаење со девојки и жени кои се во потрага по академско, лично и професионално унапредување. 

ШТО Е МЕНТОРСКАТА МРЕЖА?

Онлајн платформа што поврзува девојки и жени со искусни менторки кои нудат индивидуално менторство во различни академски и професионални области.

Мрежа Стела, во моментов брои околу 150 менторки, на кои ќе се приклучат новите менторки за цел на проектот „Надминување на нееднаквостите помеѓу младите“, фокусиран на родовиот јаз и системската нееднаквост со која се соочуваат девојчињата. 

Во текот на 2023-2025 во соработка со Националниот Младински Совет на Македонија (Млади Хаб) ќе се спроведат различни активости посветени на подигнување на свеста за родовата еднаквост, меѓу кои Мрежа Стела ќе работи на внесување на менторскиот процес во средните училишта. 

За таа цел Мрежа Стела, со ваша помош како менторки ќе спроведеме 200 менторства со девојчиња од 15 до 19 години. 

Една-на-една насоки и совети за менторирани жени и девојки преку индивидуално менторство во остварувањето на понатамошни студии и/или работни места што најдобро одговараат на нивните интереси. 

Со цел да се пружи поддршка и солидарност на девојчињата во средните училишта – ве повикуваме да се приклучите како менторки кон Мрежа Стела. 

Менторка може да биде секоја жена која би сакала да го сподели своето време и знаење преку менторски сесии во, онлајн или во живо, во договор со менторираната девојка. Потребни се менторки од различни професионални позадини и со различни образовни нивоа, затоа ве охрабруваме сите да ја пополните апликацијата. Споделeте ја вашата мотивација и информации и ние ќе ве контектираме за следните чекори. 

Менторките ќе имаат поддршка од Мрежа Стела и во развиање на нивните лични вештини – како менторки, но и за времетраењето на менторски процес. Тимот на Мрежа Стела, ќе им помага и ги насочува менторките со цел да се постигнат успешни резултати! 

Проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста меѓу младите” го спроведуваат Национален младински совет на Македонија и #StellaNetwork, со финансиска поддршка од страна на Британската амбасада во Скопје (British Embassy Skopje).

*менторските процеси надовор од овој проект продолжуваат како и досега – отворени за сите девојки и жени преку овозможување солидарност и поддршка.