Виѓиленца Абази
Виѓиленца Абази е доцентка по Европско право при Универзитетот на Мастрихт, со еднодецениско искуство во граѓанскиот сектор во Европа, каде има работено на широк спектар на прашања поврзани со демократското владеење и темелните права. Длабоко загрижена поради недостатокот на ресурси и поддршка за образованието во Македонија, Виѓиленца ја презеде иницијативата…...
Елена Б. Ставревска
Елена Б. Ставревска е научничка во областа на мировните студии, која моментално работи во Центарот за жени, мир и безбедност на Високата школа во Лондон за економија и политички науки. Образованието и родовата еднаквост отсекогаш биле нејзина страст. Делумно тоа се должи и на искуството на мајка ѝ, која се…...
Ерлин Агич
Ерлин Агич моментално е докторантка и хуманитарна работничка. Нејзините истражувачки интереси се во областа на креирањето политики во комплексни хуманитарни околности. Што ја прави длабоко посветена на Стела? Менторството има одиграно клучна улога во нејзиниот академски и професионален развој. Гледајќи наназад може да се заклучи дека повеќето од нејзините ментор(к)и…...
Олгица Стрезоска
Постојано учев низ мојата кариера и тоа ми помогна успешно да преминувам од една во друа сосема различна индустрии, да ја пронајдам мојата работа од соништата и да бидам успешна во тоа. Поривот да помогнам на некој/а што има потреба од секогаш ме водеше низ животот. Тој порив се зголеми…...
Александра Алексовска
Јас сум првата жени во моето семејство која е високо образована. Работев напорно и поголемиот дел од времето бев целосна посветена на студиите што резултираше со тоа да дипломирам со најголеми почести како една од 10те најдобро рангирани студенти. Образованието ми го смени животот, ми помогна да најдам разчични пракси/…...
Јулијана Михајлоска
Професионалка со завршени мастерс студии по маркетин менаџмент и дипломирана правничка со повеќе од 10 години професионално искуство во меѓународни корпоративни околини, главно во ИТ секторот. Мојата мотивација е преку искористување на мојот потенцијал да придонесам кон подобар свет и да допрам до што е можно повеќе жени, да ги…...