Дарко Црвенковски е консултант од Скопје, кој моментов работи како финансиски асистент во ХЕРА. Поседува мастер по политички науки и е во процес на стекнување мастер по финансии и банкарство. Тој претходно работел на многу локални и регионални проекти финансирани од меѓународни организации, како што се Светската банка и СИДА. Дарко е дел од многу меѓународни работни групи и бил говорник на бројни конференции. Во текот на својата кариера, Дарко соработувал со многу жени, кои биле високообразовани, светски барани експертки, истакнати своите области, директорки на меѓународни организации и носителки на важни позиции; со други зборови – инспиративни жени. Тие биле инспирација за него и тој многу научил од нив. За жал, во нашата земја постои огромен и забележителен недостаток на жени кои се на важни позиции, како и жени во политиката, а родовата нееднаквост во целост останува значителна. Сведочејќи го ова, Дарко ја препознава потребата од итност за решавање на родовата нееднаквост и тој е целосно посветен да придонесе кон овозможување на жените да го постигнат својот потенцијал и да станат препознаена еднаква движечка сила во општествениот напредок. Ова е причината зошто Дарко е посветен на идејата и визијата на Стела и ја гледа оваа организација не само како алатка преку која жените си помагаат едни на други, туку и како платформа што го здружува општеството во целина, и жените и мажите, во градењето фер и рамноправно општество.