Асистентка на пратеник во Парламентот во германскиот Бундестаг. Имав среќа што се стекнав со одлично образование во странство и имав меѓународни искуства што ме ослободија од стереотипите вкоренети во мојата родна земја. Верувам дека вистинската поддршка во текот на образованието значи многу повеќе од само добри оценки и дека образованието и еманципацијата на девојчињата на Балканот подразбираат едуцирање на целото општество. Јас имав многу силна поддршка од моето семејство, особено од татко ми, кој постојано ме охрабруваше во се’ што правев, без разлика дали општеството ги сметаше моите интереси за „женски“ или „машки“. Би сакала да им дадам поддршка на другите жени и девојчиња кои немале привилегија да ја добијат поддршката и оснажувањето што сум ги добила јас.