Ерлин Агич моментално е докторантка на Докторската школа по политички науки на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, Унгарија. Нејзините истражувачки интереси се во областа на креирањето политики во комплексни хуманитарни околности, конкретно во ситуации на масовно принудно раселување на луѓе. Пред докторските студии, Ерлин работеше на хуманитарните акции како одговор на сириската криза во Грција и Либан, како и на кратки мисии во Јордан и Турција. Што ја прави длабоко посветена на Стела? Менторството има одиграно клучна улога во нејзиниот академски и професионален развој. Гледајќи наназад може да се заклучи дека повеќето од нејзините ментор(к)и всушност биле жени. За жал, има многу млади девојки во Северна Македонија кои немале систем на поддршка како тој на Ерлин и другите ко-основачки на Стела за време на нивнисте студии и кариерти. И токму така се роди иницијативата за Стела, како платформа што им дава можност на жените и девојчињата да побараат менторство во своите академски и работни подвици. Ерлин е убедена дека жените кои си помагаат една со друга не се придобивка само за себе, туку за целото општество.