Сара Миленковска во моментов работи како асистентка за развој на програми во Иницијатива на поддршка во Северна Македонија, програма која работи кон унапредувања на борбата против корупција, човековите права, професионализацијата на медиумите и доброто управување. Нејзиниот општествен ангажман започнува во Црвениот крст, а подоцна се развива во насока на залагање за родова еднаквост, солидарност и слобода на говор во различни невладини организации, платформи, конференции, иницијативи и слично. Нејзиното огромно искуство во активна дебата, натпревари и подоцна предавање на дебата за помладите генерации ѝ помогна во јавното справување со клучни општествени проблеми. Граѓанскиот активизам, од друга страна пак, ја насочува да ја разбере потребата за директна демократија и активно учество на граѓан(к)ите во демократските процеси. Покрај тоа, таа работи како новинарка и креаторка на содржини во Медуза, првата феминистичка платформа во Северна Македонија. Концептот на менторство и поддршка бил присутен во нејзиниот живот уште од рана возраст. Нејзиното воспитување одигрува клучна улога во тоа која е денес. Воспитувана од самохрана мајка, која е поетеса и борка за општествени каузи, ја претвори во идеалистка, кој верува дека само преку здружување и работење кон заедничка цел можеме да ја подобриме позицијата на секоја индивидуа во општеството. Затоа е толку горда што е ко-основачка на Стела.