Анита Љатифи е активно вклучена во проекти фокусирани на демократски вредности, развој на граѓанското општество, заштита на човекови права и слобода на изразување. Помеѓу нив, од 2010 Анита работи како раководителка за маркетинг во Албанскиот театар – Скопје, но поради недостаток на персонал, таа моментално раководи со неколку оддели и во Албанскиот, и во Турскиот театар. Анита беше избрана помеѓу петте најистакнати средновечни новинар(к)и во 2005 и ѝ беше доделен едногодишен курс по новинарство и масовни медиуми на Универзитетот Кент Стејт, Охајо, САД.