Виша референтка во одделението за трговски договори, во Министерството за трговија и индустрија на Република Косово. Образованието имаше исклучително силно влијание врз мојот живот. Ми овозможи да придонесам кон развојот на мојата земја. Ме оснажи лично и општествено. Економското оснажување и независност се уште еден многу важен фактор кој го постигнав преку своето образование и напорна работа. Имав среќа и привилегија да добијам шанса да студирам на Лондонската школа за економија и политички науки во текот на дипломските студии. Оваа диплома ми даде силна академска основа, што ми отвори многу врати кон многу места. Имав можност да присуствувам на многу практични обуки во различни земји низ светот. Шансата да се среќавам со луѓе од различни култури имаше позитивно влијание врз моите социјални вештини. Учењето е постојан процес кој никогаш не завршува и луѓето треба да се силно мотивирани во потрагата по знаење од или лични, или професионални причини. Покрај мојот професионален интерес во економијата, политиката и меѓународната трговија, исто така сум силно мотивирана за работа на активности поврзани со оснажувањето на жените. Образованието на жените е од особена важност за мене, затоа што се поврзува со одржливиот економски развој и со зголемувањето на социјалната заштита. Да се разбере важноста на образованието за жените значи препознавање на нивните таленти и способности да направат промени во општеството. Оснажувањето на жените започнува во рамките на семејствата. Носењето на одлуките во семејствата е централен фактор за тоа. Колку повеќе родителите им дозволуваат на своите ќерки да одат на училиште, толку поразвиено ќе биде тоа општество. Јас се чувствувам повластено што сум дел од проект чија главна цел е унапредување на улогата на жените во сите сфери на општеството, особено во нашиот регион каде се’ уште постојат негативни ставови кон улогата на жените.