Во моментов дипломиран комуниколог, отсекогаш заинтересирана за тоа како комуникацијата влијае на многу глобални прашања насекаде низ светот. Уште од 14 години сум заинтересирана за застапување, човекови права и граѓанско општество на тој начин што бев активна во невладиниот сектор. Во моментов се водам како администраторка на кацеларија во Проектот за деца со нарушувања на видот, инструкторка во Националната програма на Црвениот крст „Промоција на хумани вредности“, контакт-лице на Y-PEER-Македонија и од неодамна член на Лео-клубот Феникс. Како млада активистка, мојата работа главно е насочена кон застапување за учество на младите во процесите на донесување одлуки и промовирање на културата на дијалогот како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество. Сум работела на иницијативи и проекти кои промовираат одржлив развој, родова еднаквост, едукација за сексуално-репродуктивно здравје и права, како и инклузија на деца со попреченост. Образованието, особено можноста за учење во странство, која ја добив во текот на еден семестар во Ла Рош-сур Јон – Франција, е уникатно и интензивно искуство на студирање во вистински социјален контекст со интеркултурно опкружување и околина. Тоа е придобивка и силна предност за оние кои сакаат да стекнат успешна професионална кариера. Студирањето во странство ми овозможи за прв пат да доживеам живот и големи промени, учејќи како да се прилагодувам на новата култура и начин на живот. Ценејќи ја важноста на меѓународната перспектива во се’ повеќе глобализираниот свет, инспирирана сум да го споделам моето искуство со други девојки и жени