Образованието ми овозможи да учам и интелектуално да се развивам. Ми даде можност да ја подобрам мојата перцепција за начинот на кој го гледам светот, и да го градам својот живот и личност. Со гордост ќе кажам дека тоа го смени мојот живот во огромна мера; Работев исклучително напорно за да добијам добри оценки за моето семејство да се гордее со мене. Исто така сум многу благодарна за можностите што образованието ми ги даде мене и на моето семејство. Немаше денес да можам да го поддржувам своето семејство, ниту пак ќе ги добиев работните места што ги посакував, ако не беше за образованието и знаењето што го добив. Образованието исто во мене всади професионализам за да можам да успеам. Единствено што можам да направам е дадам се’ од себе за моите деца и семејство да им обезбедам такво образовение денес. Мојата движечка сила и инспирација е дека секогаш наоѓам време да се возвратам за тоа преку непланирани дела на љубезност и да им помогнам на другите каде и да можам, особено на жените и девојчињата. Го сакам она што го работам и го работам она што го сакам. Животот е премногу краток за да го потроши на било што помалку од тоа, бидејќи живот исполнет со жалење, воопшто не е живот. Верувам дека сите треба постојано да растеме и да развиваме, да продолжиме да си ги испитуваме границите и да се бодриме физички и психички, истовремено поместувајќи ги границите на тоа што е можно во сите области од животот. Она што исто така ме води и ме инспирира, е можноста да ги решиме проблемите преку примена на различни техники и модалитети, што е истовремено и предизвик и награду. Уживам во процесот од почеток до крај, од дијагностицирање на проблемот до надгледување на спроведувањето на моите предлози и, конечно, слушањето на извештаите за позитивните резултати од моите придонеси.