Работам како Лектор за социјална работа и социјална политика на Факултетот за социјални науки под Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје. Она што сум денес, како личност и професионалка, се должи на моето образование. Преку образованието сум имала можност да среќавам инспиративни луѓе кои досега ме поддржувале и менторирале. Така, денес би се опишала себеси како отворена, желна за знаење, и социјална активистка која практично го користи образованието за да постигне општествена промена и да придонесе за животите на другите. Верувам дека образованието е портата кон подобар живот и дека отвора врати кон секакви можности. Мојата главна инспирација е постојаната потреба за барање и споделување знаење. Велат „сподели значи дека се грижиш“, па како учителка и социјална активистка, не би имала подобар начин да покажам колку се грижам, од тоа да споделувам знаење, идеи и искуства со другите. „Животот на индивидуата има вредност, се’ додека придонесува кон животите на другите“.