Проектна координаторка на ЕУ проекти, како и други проекти на странски донатори, и ко-основачка на НВО „ЗКО – Зaедно кон оддржливост“. Магистрирав политички менаџмент и во моментот работам како проектна координаторка во организација на граѓанското општество. Образованието ме направи поцврста во соочувањето со предизвиците и го доживеав како алатка што ми помогна да станам помудра и ми ги отвори хоризонтите кон различните пристапи во разновидните сегменти од мојот живот. Јас цврсто верувам дека образованието е моќна алатка, вклучително и неформалното образование кое не’ учи на суштинските и важни гледни точки кон секоја перспектива од животот. Верувам дека треба да сме сигурни во својот пат и да не дозволиме другите да не’ потценат. Самодовербата секогаш може да не’ донесе поблиску до успехот.