Јас сум лиценциран психолог и гешталт психотерапевт, член на EAGT и EAP и лиценциран кариерен советник (GCDF). Јас сум психотерапевт-едукатор во рамките на групите за едукација и раст и развој при Гешталт Институт Скопје, како и национален психолог супервизор на МЕНСА Македонија, здружение на лица со натпросечно висок коефициент на интелигенција. Позади себе имам долгогодишно искуство во работа со млади кое го имам стекнато низ својата работа како во формалното образование, така и во неформалното образование и НВО секторот. Сум и долгогодишен волонтер и активист на Црвениот крст, како и национален инструктор на програмата ЦКА-ПХВ, програма за едукација и личен развој на млади.