Јас сум основачка на Sozdadi.com, претседателка на Здружението за развој на лидерство Македонија и обучувачка за Наградата за социјално влијание. Образованието е моќна алатка што ја користам во моите секојдневни активности и моја моментална професија. Родовата еднаквост не е само основно човеково право, туку е и неопходна основа за мирен, просперитетен и одржлив свет. Иако светот постигна напредок кон родовата еднаквост и зајакнувањето на жените, сепак девојчињата и понатаму се погодени од дискриминација. Како жена – социјална претприемничка во Македонија, знаев дека морам уште повеќе да ја развијам својата емоционална интелигенција, за да можам да се убедам секој ден дека морам да верувам во мојот сопствен потенцијал, дури и кога општеството не го прави тоа. Цврсто верувам дека жените треба да бидат вклучени во креирањето политики и донесувањето одлуки. Се обидувам да бидам што е можно поактивна на многу полиња. Се борам за работите да ги направам поправични и да им помогнам на другите млади луѓе да играат еднаква улога во своите заедници, во политичкиот систем и на тој начин да создадат одржлива иднина. Кога луѓето ме гледаат, не сакам тие да мислат дека можам да постигнам се’. Сакам тие да почувствуваат дека и тие можат да ги остварат сите тие работи, на тој начин што ќе бидат грижливи, страсни и подготвени да соработуваат, учат и работат паметно.