Асистентка за култура на Мировниот корпус во Македонија. Се чувствувам привилегирано што имав можност да се едуцирам и образованието што сум имал можност да го добијам, и формалното и неформалното, имаа огромно влијание врз мојот личен и професионален развој. Лично вложив многу, поконкретно во своето неформалното образование, што ми овозможи да формирам значајна мрежа на луѓе кои ме имаат оснажено со различни вештини и компетенции, и преку кои научив да ја излезам од својата зона на удобност и да бидам динамичена и проактивена во остварувањето на моите цели. Додека работев како обучувачка во младински едукативни и лидерски кампови, за млади девојчиња и момчиња, забележав дека девојчињата од руралните заедници конкретно се обесхрабрени и наидуваат на пречки од нивните заедници да ги користат вештините и компетенциите што ги стекнале во камповите, затоа што заедниците се сè уште се конзервативни и не се многу отворени кон образованието и зајакнувањето на девојчињата. Затоа, со нетрпение очекувам да ги едуцирам и обучувам жените да бидат доволно храбри за да се соочат со пречките во конзервативните и руралните заедници на Македонија и да се борат за своите права во општеството и да ги едуцирам и оспособувам со разни вештини.