Јас сум регионална координаторка за комуникации за Фридрих-Еберт-Штифтунг во Азија, член на ЛД Солидарност (Македонија) и Во одбрана на Дебар Маало, неформална група за застапување за социјално праведни комунални политики. Во антрополошката етика се вели дека проучуваме и влегуваме во интеракција со луѓе, во текот на продолжен временски период, долгорочно, а не дека „ги проучуваме“ или „зборуваме во нивно име“. Ја усвоив оваа етика во начинот на кој се однесувам и дејствувам со луѓето и работите во светот, работејќи и поддржувајќи со поединц(к)ите и колективите преку продолжен долгорочен ангажман, никогаш не асимилирајќи ничиј глас, осигурувајќи дека просторот останува отворен за идеите во зародиш да пуштат корен или да растат и да се развиваат. „Кон живиот дух“ останува мотото на Новата школа за социјални истражувања – каде што студирав антропологија – уште од деновите кога како Универзитет во егзил, им ги отвораше вратите на прогнатите научници кои бегаа од нацистичките и другите непријателски режими во Европа од 20 век . Го прифатив мотото како мое, водена од идејата дека животот никогаш не треба да се гази или потценува, туку да се воздигнува. Правењето избор е колективна реалност, а не привилегија за малкумината!