Дипломирав со двојна диплома по Политички науки и меѓународни односи и Новинарство и масовни комуникации. Како дипломка од областа на слободните уметноси имав многу можности да стекнам мултидисциплинарно знаење и преносливи вештини во многу области, вклучувајќи и убедлива комуникација, јавно говорење и критичко размислување. Ги применував сите овие вештини во мојата кариера во раководење со проекти и кариера на активистка за права на лицата со попреченост. Мојата животна мисија е да ги зајакнувам жените и девојките кои се втурнати во чувсвство на маргинализираност и немоќност. Како жена со попреченост, сакам да направам значајно влијание кон градење на инклузивно општество за сите, без бариери.