Јас сум на постдокторски студии на универзитетот Лунд, Шведска, со завршени студии по политичките науки. Како истражувач, ме заинтригира  организациската реалност на граѓанските организации и конкретно како државата и организациите- преку непрофитно регулирање, насоки и обука – го обликуваат внатрешното управување на организациите, влијаејќи врз нивниот лидерски состав и капацитетот за застапување. За време на мојата кариера, имав огромна корист од поддршката на инспиративни жени ментори и ќе бидам повеќе од среќна да поддржам некоја која е заинтересирана да ја унапреди својата кариера во високото образование во странство или има потреба од поддршка во развој како истражувач.