Студентка на пост-магистерски студии на ТУ во Делфт со магистратура по урбанизам. Образованието за мене беше освестувачко патешествие што ми го направи светот полесно достапен. Ми даде одговори на некои клучни животни прашања и, следствено на тоа, ми овозможи да ги откријам своите интереси и страсти. Јас го сфаќам како неограничено поле на вредни информации за постојано подобрување и растење. Мислам дека моќта за преземање иницијативи е значително потценета.Точно е дека не секогаш преземањето акција води до глобална промена, ниту пак таквата промена е можна одеднаш. Делувајќи во рамките на интердисциплинарното поле на урбанизмот, научив ги ценам малите чекори што се прават за градовите да станат поздрави места. Ова треба да биде мотивација и поттик да се започне со дејствување во рамките на нашите можности и во било кој размер, кога тоа е возможно.