Јас сум Нада Дости, родена во Драч и живеам во Анкара, Турција веќе 9 години. Јас сум независна новинарка повеќе од 10 години. Вклучена сум волонтерски или хонорарно во различни НВО и институции како СЕТА; ТУБИТАК; Прогето Ајша; CEEHER.ORG (Globsec) итн.

Јас сум активистка, новинарка, уредничка, мајка и лингвистка. Дипломирав превод и толкување на Универзитетот во Тирана и магистрирав новинарство од Универзитетот во Анкара. Моментално сум докторантка по студии за социјални медиуми.

Течно зборувам пет јазици; албански, англиски, италијански и димам добро познавање на турски, македонски и арапски јазик. Неформалното образование целосно го промени мојот живот со прифаќање на нови можности и отворање на мојот ум.

Знам дека не е лесно, драги мои, но вреди! Без оглед на вашите борби, не престанувајте да се борите за вашите права. Зборувајте против неправдата на паметен начин и со соодветни алатки.

Поддржете ги другите жени наместо да ги влечете надолу!