Советничка во Парламентот. Образованието влијаеше врз мојот живот на многу начини. Прво, ми помогна да научам повеќе за себе и за мојот потенцијал и ми даде соодветно знаење и вештини за да ги спроведам моите идеи во пракса. Следствено, тоа придонесе и за мојот професионален развој, како и за развојот на општеството. Второ, ми ги даде најдобрите призми низ кои можам да го видам светот на пореален и објективен начин. Конечно, поради образованието, успеав да го остварам мојот сон – да студирам на универзитет од највисок ранг на глобално ниво како стипендистка на Чивнинг. Денес, јас уживам во плодовите на образованието на многу начини: Имам работа што многу ме исполнува, и сум дел од многу посебни и респектабилни кругови на луѓе, а и поседувам доволно самодоверба и мотивација да учам повеќе, да работам повеќе и да ја достигнам крајната цел на овој живот – себереализација! Според мое мислење, ако треба да одберам една единствена алатка за остварување на успех и исполнетост во животот, тоа дефинитивно би било квалитетно образование. Инспирирана сум од брилијантните умови, мудрите луѓе и сите оние кои имаат вештини да ги детектираат тековните предизвици со кои се соочува светот и доволно храброст да делуваат во врска со нив.