Постојано учев низ мојата кариера и тоа ми помогна успешно да преминувам од една во друа сосема различна индустрии, да ја пронајдам мојата работа од соништата и да бидам успешна во тоа. Поривот да помогнам на некој/а што има потреба од секогаш ме водеше низ животот. Тој порив се зголеми по големиот промет што го имав во мојата кариера и живот, каде што се наметнував да научам сè повеќе за работи за кои немав поим, обидувајќи се да избегам од работата која не ми се допаѓаше. Сертифициран сум како Professional Scrum Master и Professional Product Owner и започнав да работам како Product Owner, иако никој во тоа време не веруваше во мене дека можам да го сторам тоа. Неколку месеци подоцна, исто така, започнав да работам како тренер во Брејнстер, што дополнително ме инспирира да ги споделам моето знаење и мотивација со луѓето кои имаат потреба од тоа.