Работам како фриленс консултантка од областа на климатските промени, декарбонизација, животна средина.

Често кажувам дека знаењето е нашиот најголем ресурс. Се уште учам, но се трудам сето мое знаење да го применам и практично да го искористам и во работата и во домот.

Сметам дека индивидуалниот пристап на споделување на искуства е исклучитено ефикасен. Кога станува збор за животна средина и климатски промени, жените го водат процесот на подготовка на политики и стратешки документи. Но кога станува збор за конкретни акции и мерки, не секогаш се на првите линии. Сметам дека е исклучитечно важно искуствата да се пренесат на новите млади генерации и млади жени, бидејќи тие се оние што ќе живеат во иднината која сега се создава, со цел да им се овозможи полесно да се справат со предизвите кои ги очекуваат.